Прекин на Индијан Велс: Алкарас не знаеше што го снајде и бегаше за да спаси жива глава (Видео)

Неколку минути откако започна дуелот меѓу Карлос Алкарас и Александер Зверев, судијата беше принуден да го прекине, и тоа поради необична причина. Рој пчели се појавија на теренот на којшто се играше мечот.

Прво тенисерите беа збунети, а Алкарас реши да замавнува со рекетот, што очигледно дополнително ги разлути пчелите кои беа во голем број. Судијата одлучи дека нема услови да се игра покрај толкав број пчели, а збунетиот Алкарас, кој само замавнуваше со рацете и рекетот, во еден момент избега од теренот криејќи ја главата од нападите на пчелите.

За време на прекинот, резултатот беше 1:1 во првиот сет.

- Оглас -

Најнови вести