Прекин на „црните“ серии за Портланд и Хјустон, но не и за Орландо

8389 Портланд трејлблејзерс – Шарлот хорнетс (04:30ч)

Портланд западна во проблеми откако ги загуби Нуркиќ и Меколум на подолг период, па на екипата ѝ е тешко да победува во континуитет. Не само тоа, Блејзерси влегоа во црна серија од четири порази, по што им се заканува излез од топ 8 местата во Западната конференција.

За да не се случи тоа, домаќините ноќеска ќе го одбранат теренот против младиот состав на Шарлот, кој исто така има свои амбиции да влезе во разигрувањата како претставник на Источната конференција. За Портланд е добро што ги доби претходните шест средби против Хорнетс, па познат е рецептот да се дојде и во седма победа во низа.

Предлог тип: 1 & <234,5 поени (2.85)

 

8388 Хјустон рокетс – Кливленд кавалирс (03ч)

Хјустон од конкурентен тим, за неколку месеци се претвори во екипа за набивање статистика, а сето тоа е резултат од заминувањето на Џејмс Харден. Ракетите се во голема криза и претрпеа 11 порази во низа, но се чини дека токму ноќеска ќе му дојде крајот на кошмарот.

Кливленд е практично осакатен со отсуствата на Драмонд, Осман, Лав и Делаведова, но чудо е како екипата нареди три победи во последните пет меча. Иако Кавалирс се разиграни, фактот што Хјустон не игра добро, ќе ги опушти, а тоа ќе биде лошо за гостите.

Предлог тип: 1 (1.76)

 

8001 Орландо меџик – Далас маверикс (01ч)

За Орландо е голем хендикеп неиграњето на Фулц и Гордон, па затоа не се гледа начин како Магичните ќе го сопрат волшебниот Лука Дончиќ.

Далас ја крена самодовербата со гостинскиот триумф кај Бруклин, па сега ритамот треба да се пренесе и во Флорида, а секако ќе го стори тоа на крилјата на првата ѕвезда во франшизата.

Далас ги доби претходните три средби против Орландо и ќе продолжи со победничката серија во меѓусебните дуели.

Предлог тип: 2 двојна (2.50)

 

8400 Донован Мичел (Њу Орлеанс пеликанс – Јута џез, 02ч)

Мичел блесна со 31 поен во гостинскиот триумф над Орландо, па сега е потребна нова одлична партија во режија на популарниот Спајда, со цел Џезерите да го држат растојанието на врвот на Западот во однос на екипите од Лос Анџелес.

Њу Орлеанс славеше само во еден од последните шест меѓусебни дуели против Јута, воедно Пеликаните ги загубија последните два натпревари во лигата и познати се по тоа што тешко надминуваат кризен период.

Предлог тип: Мичел >25,5 поени (1.85)

 

8437 Никола Јокиќ (Чикаго булс – Денвер нагетс, 03ч)

Јокиќ веќе два меча во низа не го надминува сезонскиот просек во поени, а се чини дека ќе нема потреба и во гостувањето кај Чикаго да троши топки, односно преку него да одат поголем дел од нападите на Денвер.

Големи се шансите за Денвер да ја добие средбата и да ја продолжи низата против Булс на девет победи во низа, но Јокиќ најверојатно нема да постигне повеќе од 25 поени.

Предлог тип: Јокиќ <26,5 поени (1.90)

- Оглас -

Најнови вести