10.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

Прекин во Куманово: Тепачка на трибините, Пелистер се повлече

Последниот четвртфинален меч од кошаркарскиот Куп на Македонија меѓу Куманово и Пелистер е прекинат. Само неколку минути по почетокот на мечот се случи инцидент на трибините и тоа на делот каде што требаше да бидат гостинските навивачи.

Наводно, инцидентот се случил кога популарните Чкембари требаше да влезат на трибината. Некои информации велат дека најпрво гостинските навивачи нападнале дел од домашните гледачи, па реагирала полицијата, додека другата верзија е дека полицијата влегла во конфликт со фановите на битолчани.

Како и еда е вистината, најважно е дека мечот кој требаше да биде кошаркарски спектакл се претвора во скандал.

Денеска без никаков проблем веќе се одиграа три меча од четвртфиналето во кои ТФТ Скопје славеше над Феникс со 98:71, МЗТ Скопје Аеродром го растури вечниот ривал Работнички со 100:69, а Кожуф со 84:80 беше подобар од Маџари.

- Оглас -

Најнови вести