Дуелот меѓу Левски и Шкупи беше во неколкуминутен прекин во второто полувреме и тоа поради повреда на главниот судија Лионел Чуди. Во 73-тата минута, главниот арбитер се пожали на повреда и го напушти теренот, по што следуваше неколкуминутен прекин.
По направената лекарска контрола, беше утврдено дека судијата нема да може да го досвири мечот до крајот, па едноставно мораше да биде заменет со Лукас Фендрих, а потоа мечот продолжи.