Прекина голем пост: Постигна гол по 4.444 дена чекање

НЕК Најмехен убедливо со 3:0 го победи Херенвен во меч од деветото коло на холандското првенство, а во центарот на вниманието беше домашниот дефанзивец Брам Нујтинк. Искусниот 34-годишен централен дефанзивец постигна гол во 53-тата минута за водство од 2:0 на неговиот тим.

Овој погодок на Брам има посебно значење затоа што првпат по повеќе од 12 години се израдува на гол во холандското првенство. Последен пат тој имаше дадено гол во холандското првенство на 19 август 2012 година, исто така во дресот на НЕК.

Од тој погодок во 2012 година поминаа точно 4.444 дена за Брам повторно да се израдува на гол во домашното првенство. Тоа е четврти најдолг период меѓу два гола во историјата на холандското првенство. Брам во 2012 година од НЕК направи трансфер во белгискиот Андерлехт, а потоа играше и во Италија за екипите на Удинезе и Сампдорија. Во 2023 година се врати во тимот на НЕК.

Рекордер е Едгар Барето, кој имаше пауза од 5.375 дена меѓу два гола постигнати во холандското првенство. Потоа следува легендарниот Робин ван Перси, кој имаше пауза од 5.107 дена меѓу два постигнати погодоци. Трет на оваа листа е Џонатан де Гузман, кој имаше пост од 4.781 ден за повторно да постигне гол.

- Оглас -

Најнови вести