Прекинат меч од НХЛ- лигата, хокеар доби срцев удар (Видео)

Хокеарот на Сент Луис блус, Џеј Боумистер, колабираше на клупата за резерви на средината на натпреварот на неговиот тим против Анахајм дакс и предизвика паника кај присутните. Мечот беше прекинат, а Боумистер со свесна состојба беше пренесен во болница, од каде што информираа дека станува збор за срцев проблем.

Боумистер е искусен играч, има 36 години, ова му е 17-та НХЛ-сезона и познат е како добар лизгач. Тој лани со Сент Луис ја освои титулата, а во 2014 година со репрезентацијата на Канада освои златен олимписки медал.

- Оглас -

Најнови вести