Прекинат мечот Бордо – Ним, Стојановски побегна во соблекувална

Навивачите на Бордо предизвикаа прекин на мечот од француското првенство против Ним. Незадоволните фанови на Бордо се симнаа покрај теренот, па од фудбалерите на двата тима беше побарано да се повлечат во соблекувалните.

Член на Ним е Влатко Стојановски, но македонскиот напаѓач не беше на теренот, туку на клупата за резерви, па можеше навреме да се повлече без да ризикува контакт со навивачите кои протестираат против раководството на Бордо. Некои од играчите на Бордо разговараат со фановите и ги убедуваат да се вратат на трибината за мечот да продолжи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести