Прекинат тренингот на Црвено-црните, денес е ден кога треба да се покаже почит на тоа што се случи пред 60 години (Видео)

Спортскиот симбол на градот Скопје, фудбалскиот клуб Вардар накратко го прекина денешниот тренинг на подготовките во Златибор.

Причина поради која тренерот Бобан Грнчаров побара тренингот да биде прекинат е годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес кој се случи на денешен датум пред точно 60 години.

Грнчаров потенцираше дека Вардар е клуб на градот Скопје и дека треба да се поддаде почит на сите оние 1.070 луѓе кои загинаа во разорниот земјотрес на 26 јули 1963 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести