Прекината традицијата, Гризман доби четврта ќерка, прва што не е родена на 8 април

Антоан Гризман и Ерика Чоперена по четврти пат станаа родители, ја добија четвртата ќерка која се родила завчера, на 15 јуни, а верувале или не, малата Шаи е прва нивна ќерка која не е родена на 8 април.

Миа во 2016, Амарон во 2019 и Алба во 2011 година се родија на 8 април.

Сепак, и датумот на кој се роди Шаи е важен за нив, раѓањето на Шаи се случи само неколку часа пред годишнината од бракот на нејзините родители. Антоан и Ерика се венчаа на 16 јуни 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести