Иако се најавуваше дека Езџан Алиоски се согласил да премине во саудискиот Ал-Ахли, сега новинарот Педро Алмеида, кој тврдеше дека трансферот е готов, информира дека има пресврт и дека Џани имал големи финансиски барања кои не се прифатливи за клубот од Џеда.
Алиоски од Саудијците барал годишна плата од 2,5 милиони евра, а тоа било неприфатливо за Ал-Ахли, па преговорите се прекинати. Претходно и Фатих Терим изјави дека Алиоски не се договорил со неговиот Галатасарај затоа што македонскиот интернационалец имал големи побарувања (барал 7,5 милиони за три години).