Прекинато финалето на Купот во Палестина, навивачите и фудбалерите се гушеа од солзавец (Видео)

На стадионот „Фаисал Ал-Хусеини“ во палестинскиот Ал-Рама, гратче кое е во близина на Ерусалим, синоќа се играше, но не се доигра, финалето од Лига купот на Палестина. Играа екипите на Џабар Ал-Мукабера и Марказ Балате, а дуелот е прекинат на полувреме.

Според пишувањата на палестинските медиуми, израелската војска на полувреме од средбата влегла на стадионот и испукала неколку солзавци, по што се случил хаос. Многумина од навивачите втрчале и на теренот, а најголемиот дел од нив имале проблеми со печење на очите и грлото поради солзавецот.

За среќа, сите кои биле на стадионот се добро. Освен навивачите, проблем имало и за фудбалерите кои беа во соблекувалните кога се случил инцидентот. Чадот од солзавецот влегол и во соблекувалните, па дел од фудбалерите побарале помош од лекарите.

Беше решено финалето да не се доигра, но сепак имаше победник. Тимот на Џабар Ал-Мукабера имаше предност од 1:0 до почетокот на прекинот, па беше решено тој да биде освојувач на Купот. Џабар Ал-Мукабера е и првак на лигата на Западниот брег.

 

 

- Оглас -

Најнови вести