Ривалството на Сент Етјен и Лион е многу поголемо отколку што се знае пошироко во Европа, а тоа се виде и вечерва. Дербито е прекинато во финишот на првото полувреме.
Помошниот судија Рахмуни беше удрен по глава со тврд предмет (веројатно метална паричка), па главниот судија Летисие го прекина мечот и ги прати екипите во соблекувална.
Веројатно проектилот беше наменет за фудбалер на Лион кој изведуваше аут.
Фановите на Сент Етјен кој водеше со 1-0, нема зошто да им се лутат на судиите, напротив, им направија услуга, Летисие откако виде снимка, го поништи црвениот картон кој го додели за груб фаул на глужд врз Толисо.
На трибините нема фанови на Лион, но затоа има навивачи на Сент Етјен кои го провоцираа гостинскиот тим со дресови и транспаренти со благодароност до Хари Мегваер од Манчестер јунајтед кој со гол пред три дена го елиминираше Лион од Лига Европа.