Натпреварот помеѓу Воска спорт и Вардар не го дочека својот крај, домашните своеволно го напуштија теренот при резултат 1-1 на 15-тина минути до крајот и си направија лоша услуга која може да ги чини испаѓање во втора лига.
Охриѓани имаа серија од шест меча по ред без пораз против Вардар, а откако Вардар им изедначи на 1-1, некоја минута подоцна незадоволни од судењето домашните си заминаа во соблекувална и не се вратија.
Инаку, Шкендија се задржа на врвот со четири бода повеќе од Силекс кој со пресврт славеше на Чаир.
Поинтересно е во долната половина на табелата. Вардар и Пелистер имаат по 29 бода, Тиквеш е на 26, Брера и Беса по 24, а Воска има 22.
Резултати: Беса – Шкендија 2-3, Работнички – Пелистер 2-1, Шкупи – Силекс 1-2, Струга – Гостивар 1-1, Тиквеш – Брера Струмица 2-1, Воска спорт – Вардар прекината при 1-1.