Прекрасен е сонот на мадридистите – Реал и Надал заедно до светски подвиг и 14-та круна во Париз

Шпанците ќе бидат во спортски транс во финишот на овој месец и на почетокот на јуни, а со мислите се веќе во Париз, каде што ќе имаат два кандидати за многу вредни пехари, и тоа рекордни.

Реал Мадрид на 28 мај ќе го игра големото финале во Лигата на шампионите против Ливерпул на „Паркот на принцовите“ во Париз, а ако се остварат надежите на Шпанците, тогаш и Рафаел Надал во главниот град на Франција може да освои рекордна шампионска круна на Ролан Гарос на 5 јуни.

Надал е голем навивач на Реал Мадрид и неодамна на мечот против Еспањол беше почесен гостин на Кралскиот клуб и го изведе почетниот удар, а мадридистите со победа од 4:0 ја освоија рекордната 35-та титула.

На 28 мај повторно можат само да подобрат уште еден рекорд и со победа против Ливерпул да ја освојат 14-та европска титула.

Во исто време во финишот на мај веќе ќе биде во тек и Ролан Гарос, а таму Надал е крал и во неговото тениско царство има рекорд од 13 титули, што е уникатен во светот на прекрасната игра.

Ниту еден тенисер нема таков биланс на титули на кој било гренслем, а Надал ако игра како што умее, може да биде учесник во финалето на 5 јуни и да се надева на 14-та титула во Париз, исто како и Реал Мадрид.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести