35.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Прекрасен гест на амбасадорката на Велика Британија со поддршка за Саса пред дуелот со Јувентус (Фото)

Прекрасен гест приреди амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј, како знак за поддршка на македонскиот првак Саса Каменица пред дуелот со Јувентус во Торино денеска од 15 часот во квалификациите за Лигата на шампионите.

Галовеј во дрес на Саса Каменица им посака многу среќа на фудбалерките на македонскиот првак пред мегадуелот со Старата дама.

Галовеј додаде дека со нетрпение го чека септемврискиот дуел меѓу Македонија и Велика Британија во квалификациите за Светското првенство за жени.

 

- Оглас -

Најнови вести