19.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Прекрасен гест на новиот играч на Шалке – Целата плата ќе ја донира во хуманитарни цели

Ведад Ибишевиќ од денес е нов член на Шалке 04, каде што пристигна како слободен играч откако му заврши соработката со Херта Берлин, а со хуманиот потег ја воодушеви фудбалската јавност.

Искусниот босански напаѓач одлучи да ја донира целата месечна плата во добротворни цели на хуманитарни организации каде што се потребни финансиски средства.

Ибишевиќ ќе заработува само од бонуси според резултатите на тимот, како и неговата ефикасност. Дополнително воодушевува фактот што одбил многу побогати понуди со цел да го носи дресот на Шалке.

- Оглас -

Најнови вести