Дефанзивецот на Ред Бул Лајпциг, Вили Орбан, покани 10 украински деца кои се бегалци од војната на меч од Лигата на шампионите, и тоа тој што ќе се игра вечерва во Варшава, од 18.45 часот, меѓу неговиот тим и Шахтар Доњецк.
Унгарскиот репрезентативец има покренато хуманитарна програма „Да се екипираме за итна помош на Украина“ и е многу активен на тоа поле.
На Орбан му помага и неговиот соиграч Хавер Шлагер, а и двајцата издвојуват значајни средства од своите плати за помош на загрозените луѓе.
Вечерва во Варшава, Шахтар е домаќин во последниот меч во фазата по групи и ќе мора да го победи Лајпциг ако сака да продолжи во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.
Со секој друг исход германскиот тим ќе оди во осминафиналето заедно со Реал Мадрид, а украинскиот тим би продолжил во Лигата на Европа.