Прекрасен гест на Пеп Гвардиола

Предводникот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, донираше еден милион евра на фондацијата „Анхел Солер и Даниел“, која се наоѓа во Барселона. Средствата ќе бидат наменети за набавување медицинска опрема која ќе биде од голема корист во случај Коронавирусот да продожи да прави хаос.

Како што е веќе познато, Шпанија е втората најпогодена земја по Италија по бројот на заразени и мртви со околу 300 смртни случаи дневно. Иако во оваа земја медицината е развиена, за жал, во изминатиов кризен период се соочува со недостасток на опрема која е неопходна во битката против вирусот Ковид-19.

Како што пренесоа шпанските медиуми, средставата најмногу ќе се употребат за набавување маски, ракавици, заштитини очила, средства за дезинфекција, а со дел од парите ќе се набават и респиратори. Материјалот ќе биде поделен на целата територија на Каталонија. Инаку, пред донацијата на Пеп, оваа фондација имаше собрано само 33.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести