Прекрасен гол на Милан Илоски во американската Лига на шампиони (Видео)

Американскиот фудбалер со македонско потекл, Милан Илоски, постигна убав гол од слободен удар во натпревар од Лигата на шампионите на КОНКАКАФ зоната (Северна и Средна Америка).

Илоски, кој е играч на Филаделфија јунион, со својот погодок го отвори резултатот, а на крајот Филаделфија победи со 5-0 против ривалот од Тринидад и Тобаго. Нашинецот беше прогласен за најдобар играч на натпреварот.

Ако го елиминира противникот, а тоа е повеќе од сигурно, Филаделфија во осминафиналето ќе игра со мексиканскиот гигант Клуб Америка.

- Оглас -

Најнови вести