16.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Прекрасен гол на Нико Вилијамс во триумфот на Атлетик Билбао (Видео)

Атлетик Билбао оствари нов триумф во ла Лига откако го совлада Рајо Ваљекано на домашен терен со 3-1. Баскискиот тим се зацврсти на четвртата позиција и држи чекор за пласман во Лигата на шампионите.

Рајо Ваљекано дојде во водство во 37-та минута со голот на Пате Сис, но во вториот дел Атлетик Билбао направи комплетен пресврт.

Ојхан Санцет во 58-та минута реализираше пенал за израмнување, а во 80-та минута Нико Вилијамс постигна фантастичен погодок за целосен пресврт.

Санцет во 94-та минута го потврди триумфот со уште еден погодок.

- Оглас -

Најнови вести