Прекрасен кам-бек по повредата – Тричковски се врати со голови за АЕК

Иван Тричковски се рехабилитираше по повредата што го одвои од терените од април и со два гола беше најзаслужен за победата на АЕК Ларнака против Лех со 3:1 на подготовките во Полска.

Тричковски по долг период беше стартер за тимот од Кипар, чиј член е долго и е најдобар стрелец во клупската историја. Со два гола во 4. и во 11. минута од пенал македонскиот репрезентативец најави дека е расположен за игра и дека едвај дочека да му се врати на фудбалот.

Имаше проблеми со ребрата и не ги одигра за Македонија двата квалификациски натпревари во јуни против Полска и Австрија што ги загубивме.

Тричковски играше и завчера за АЕК, но во второто полувреме, а Кипраните го загубија мечот со Висла Плок со 0:1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести