Габриеле Натале си го оствари сонот преку фудбалското шоу „Еден од нас“ што траеше цела година и успеа да победи илјадници таленти што учествуваа и да потпише едногодишен договор со Рома.
Момчето кое има само 18 години беше и најупорно и најквалитетно од сите кандидати и ќе има можност да скокне пет ранга на натпреварување и да тренира под команда на Жозе Мурињо и да игра за Рома.
Натале играше за шестолигашот Мирафјори Торино пред да се приклучи на шоуто „Еден од нас“ што регрутира млади таленти од цела Италија и на еден од нив му дава шанса за професионален договор со Рома.
Во завршната фаза останаа точно 30 млади фудбалери, а изборот падна на Натале.
Претходната година Алесандро Гарили, кој е врсник на Натале и е роден во 2004 година беше победник на „Еден од нас“ и потпиша договор со Верона.