Прекрасен неделен ден за обложувач од Делчево, погоди 11 меча и вкупна квота над 5.000 (Фото)

Во објект на Sport Life во Делчево вчера е уплатен тикет кој испадна добитен и носи бруто-добивка од над 100.000 денари само со 20 денари уплата.

Овој делчевец одигра на минимална уплата и чекаше исходи на 11 фудбалски натпревари. Вкупниот коефициент му е малку над 5.000, па добивката е фантастична и овој мајсторски тикет заслужува да биде виден од пошироката јавност.

Игрите се конечен тип со 0-4 гола и конечен тип со 2-5 гола. За среќа на играчот, сите резултати му одеа во прилог иако на некои дуели се помачија „неговите“ екипи.

Среќата е составен дел од обложувањето, а таа беше со овој обложувач од Делчево. Ајакс вториот гол го даде во 94-та минута за да излезе добитна комбинацијата двојка со 2-4 гола на гостувањето кај Фортуна Ситард.

Кај Луцерн чекал кец и 2-5 гола, а до 80-та минута резултатот беше 1-2. Домашните направија пресврт, петтиот гол за пресврт и победа го постигнаа во 89-тата минута од пенал.

И кај другиот меч од Швајцарија, Тун – Белинцона, доцна во 86-тата минута падна вториот гол за потврда на победата на домашните и да излезе и прогнозата 2-5 гола покрај единицата.

Брага во 81-вата минута го даде вториот гол за триумф од 2-0 и да биде погодено дека ќе има 2-5 гола. На крајот се чекало победа на Барса над Севиља со 2-5 гола, петтиот гол падна во 89-та минута, а во судиското продолжение од седум минути немаше погодок за среќа и радост на овој играч од Делчево, кому Sport Life му исплати голема сума пари.

- Оглас -

Најнови вести