Ливерпул е на тронот на Англија и тоа за прв пат по 30 години. Клубот кој во изминативе три децении полесно му беше да стане европски отколку англиски првак, на крајот стигна до трофејот кој толку многу го посакуваше. Од 1990 година до 2020 година чекаа верните навивачи на „Енфилд роуд“, каде што секогаш се пее надалеку препознатливата навивачка химна „Уou’ll never walk alone“.
Периодот од три децении за навивачите на Ливерпул беше исполнет со многу очекувања, многу разочарувања, но никогаш не се предадоа и на крајот дочекаа да бидат прваци. Преку една цртана анимација прекрасно е објаснето како навивачите на Ливерпул ги поминаа овие 30 години без трофеј, за да на крајот се насмевнат на пехарот.