Прекрасна анимирана најава на Мундијалот, за Аѕурите нема место во авионот по поразот од Македонија (Видео)

На пет дена до стартот на Светското првенство во Катар, се појави фантастично анимирано видео на „Бличер рипорт“ како најава на најголемиот фудбалски настан годинава и кое на комичен начин ги претставува репрезентациите и нивните ѕвезди.

Видеото започнува со пристигнувањето на фудбалерите на аеродром, сите на посебен начин, Герет Бејл со количка за голф, а победник е Германецот Томас Милер, кој пристигна јавајќи коњ.

Аниматорите ги претставија на комичен начин сите ѕвезди, Лука Модриќ е дедо кого го носат со количка, Луис Суареs е човекојадец, Еден Азар пак како играч што обожува да јаде сендвичи, Лионел Меси е насмеан на патот на своето последно Светско првенство, додека соиграчите ги носат куферите на Кристијано Роналдо, а Килијан Мбапе влегува во авионот преку ред.

Во видеото се појавува и голманот на италијанската репрезентација, Џанлуиџи Донарума, кој заедно со Ерлинг Халанд и Мохамед Салах седат на страна и тажно го следат влегувањето на фудбалерите во авионот во кој нема место за нив.

Италија загуби во полуфиналето на баражот за пласман на СП во Катар од Македонија благодарение на голот на Александар Трајковски постигнат во судиското продолжение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести