24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Прекрасна минијатура на Марсијал, максимален ефект за Манчестер јунајтед (Видео)

Ентони Марсијал постигна прекрасен гол за Манчестер јунајтед, вториот на мечот против Ватфорд што Црвените ѓаволи го добија со 3:0.

Францускиот интернационалец од втор обид со финта се одлободи од одбраната на гостите и мајсторски го совлада Бен Фостер во 58. минута.

https://www.youtube.com/watch?v=GcZVW17vbdA

Претходно од пенал што беше направен над него Бруно Фернадеш погоди во 42. минута и тоа му е дебитантскиот погодок за Манчестер јунајтед. Последниот гол беше дело на Гринвуд.

Со ист резултат Вулверхемптон славеше против Норич, а двоен стрелец беше Диого Жота. Напаѓачот на Волците беше прецизен во 19. и во 30. минута. Отпорот на Канаринците го скрши Раул Хименес со прецизен удар во 50. минута.

- Оглас -

Најнови вести