12.8 C
Skopje
вторник, 30 септември 2025

Прекрасни вести за Реал Мадрид и тоа во најдобар можен момент

Реал Мадрид е во Казахстан каде го чека дуелот против Каират Алмати во рамките од второто коло во Лига на шампиони. Овој меч за Реал доаѓа по тешкиот пораз од градскиот ривал Атлетико Мадрид со 5:2 во првенството.

Во една ваква ситуација, угледниот весник „Марка“ носи убави вести за Кралскиот клуб, а тоа е дека побрзо на теренот ќе се врати Трент Александер Арнолд. За англискиот репрезентативец се најавуваше дека ќе паузира најмалку уште еден месец, но сега претпоставките се дека Арнолд би бил подготвен да биде на теренот веднаш по завршување на репрезентативната пауза, односно во средината на октомври.

Фудбалерот на Реал се повреди на мечот против Олимпик Марсеј во првото коло од Лига на шампиони, кога одигра само пет минути. Првично се најавуваше дека Арнолд ќе паузира до крајот на октомври, за сега проценките велат дека би требал да се врати на теренот кон средината на октомври, односно по завршување на репрезентативните обврски.

Во втората половина на октомври Реал Мадрид ќе игра на гости кај Хетафе, потоа следува меч против Јувентус во Лига на шампиони, а на 26 октмври е Ел Класико против Барселона, во рамките од 10 коло на Примера дивисион. Тоа би значело дека  Трент Александер Арнолд би било подготвен за Ел Класико.

- Оглас -

Најнови вести