Милан со 3-1 го победи Динамо Загреб, а Шахтар и Селтик ремизираа 1-1 во двата меча од фудбалската Лига на шампиони кои се играа вечерва, со почеток од 18.45 часот.
Аријан Адеми го одигра целиот натпревар, додека Стефан Ристовски беше заменет во 78-мата минута.
Милан поведе со гол на Оливие Жиру од пенал, на 2-0 зголеми Салемакерс, кој даде гол и во првото коло, а точка стави Побега со убав гол. Сепак, мала утеха за Модрите ќе биде што тие ја имаа најубавата акција која заврши со погодок. Бруно Петковиќ ја изработи одбраната на Милан и асистираше до Мислав Оршиќ, кој го даде својот шести гол на осум меча во ЛШ.
Шахтар и Селтик двата гола во ремито од 1-1 ги постигнаа во прво полувреме.
Стрелец за Украинците беше 21-годишниот Михајло Мудрик, играч кој по две кола во ЛШ има два гола и две асистенции, па ако продолжи во ист ритам, не му бега богат трансфер во голем клуб.
Ова е голот на Оршиќ: