Над 1.000 македонски навивачи ќе дадат поддршка против Данска

Новиот селектор Гоце Седлоски денеска ја започнува најважната мисија, а тоа е пласман на македонската фудбалска репрезентација на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Седлоски го соопшти составот на фудбалери на кои смета за бараж-мечот против Данска и евентуалното финале кое потоа следува.

Македонија ќе гостува во Копенхаген, на стадионот „Паркен“, а Данска се очекува да има голема поддршка од своите навивачи. Сепак, ни Македонија нема да биде без поддршка. Според најавите, повеќе од 1.000 македонски навивачи веќе го потврдиле своето место на стадионот, а останати се помалку од 100 карти за секторот на нашите навивачи.

„До синоќа имаше преостанато само 97 билети. Тоа значи дека над 1.000 македонски навивачи ќе има на стадионот во Данска“, соопштуваат од ФФМ.

- Оглас -

Најнови вести