Куп-натпреварите во најсилните лиги во Европа се во фокусот денеска. Пет интересни комбинации кои се дел од Квотите на денот доколку се одиграат заедно на еден тикет, носат вкупен коефициент од 53.22.
ПСВ е домаќин на Феенорд, а тука треба да има многу голови. Комбинацијата е да има од еден до три погодоци во првото полувреме, а на крајот да бидат постигнати барем четири гола за да биде добитна квотата од 2.50.
Генк и Бриж треба да одиграат меч со погодоци во двете полувремиња и да се тресат мрежите на двата тима. Оваа комбинација е со квота од 2.10.
Њукасл и Арсенал играат во реваншот од Лига купот, а гостите да не загубат во средба на која ќе има од два до четири погодоци е со квота од 2.05.
Милан и Рома треба да одиграат со популарната игра од 1-3 гола во двете полувремиња, комбинација која е со 2.15 коефициент.
Реал Мадрид е фаворит за триумф на гостувањето кај Леганес, а победа на Кралскиот клуб во средба на која ќе има голови во двете полувремиња е со квота од 2.30.