24.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Над 50 години се чекаше играч да постигне такви бројки во НБА, а тоа е незапирливиот Јокиќ

Денвер нагетс славеше со 119:115 против Шарлот, а Никола Јокиќ одигра меч кој само покажа зошто е двократен освојувач на МВП -рофејот во НБА. Најсилната кошаркарска лига во светот ваков меч чекаше уште од времето на Вилт Чемберлен, односно од 1968 година.

Јокиќ стигна до 81-виот трипл-дабл во кариерата, и тоа со 40 поени (погоди 13/26 од поле и 12 од 17 слободни фрлања), како и 27 скокови и 10 асистенции. Ваков биланс од 40+ поени, 27+ скока и двоцифрен број асистенции направил само Чемберлен, и тоа четири пати. Последен пат во 1968 година, кога имал 53 поени, 32 скока и 14 асистенции.

Резултати од мечевите одиграни ноќеска во НБА: Бостон – Орландо 92:95, Индијана – Њујорк 106:109, Детроит – Бруклин 121:124, Торонто – Голден стејт 110:126, Минесота – Чикаго 150:126, Денвер – Шарлот 119:115, ЛА лејкерс – Вашингтон 119:117.

- Оглас -

Најнови вести