Квотите на денот кои за денеска ги предлага Sport Life за пет игри за коишто квотите се најголеми токму во оваа обложувалница, прават вкупен коефициент од 54.2 и сигурно ќе бидат примамливи за многу обложувачи.
Првиот предлог носи квота 2.45, а за да биде добитен, треба Унион Сен Жилоа да постигне два или повеќе голови на гостувањето кај Моленбек, но и домашните да дадат гол.
Комбинацијата од гол на двата тима и гол(ови) во двете полувремиња во Sport Life носат квота од 2.00 за мечот на Базел и Луцерн.
Квота на денот од 2.15 се нуди за мечот Џенова – Рома, и тоа за играта дека Џенова нема да победи и дека на средбата ќе паднат 2-4 гола.
Ако верувате дека Атлетико Мадрид нема да загуби од Осасуна, но и дека на овој меч во Памплона ќе падне гол во првото полувреме, во Sport Life ви се смешка квотата од 2.10 за оваа реално остварлива комбинација.
Исто како и првата, така и последната квота од денешните пет предлози е 2.45, и тоа за игра за која обично квотите се помали. Станува збор за играта дека во двете полувремиња ќе паднат од еден до три гола, а натпреварот е од полуфиналето на Копа Либертадорес помеѓу Бока јуниорс и Палмеирас.