38.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Премиер лигата ги покрива трошоците за набавка на тестови

Премиер лигата ќе ги покрие трошоците за набавка на 26.000 тестови кои подеднакво ќе им бидат поделени на клубовите. Околу четири милиони фунти ќе се потрошат за набавка на овие тестови, а играчите ќе се тестираат двапати неделно откако ќе се вратат на клупските обврски.

Еден тест чини 150 фунти, а секој од тимовите ќе користи до 50 теста неделно за фудбалерите и стручниот штаб. Се очекува сите екипи да почнат со одредени тренинзи од средината на мај, а предвидувањата се дека сезоната ќе продолжи од 13 јуни и ќе се доигра до крајот на јули.

Членовите на Арсенал први им се вратија на тренинзите, но со држење до препораките за социјална дистанца, а по нив се приклучи и градскиот ривал Вест хем.

- Оглас -

Најнови вести