Премиер лигата ќе направи исклучок: Нема да има казна за Луис Дијас

Англиската Премиер лига нема да го казни Луис Дијас, фудбалерот на Ливерпул, за истакната парола на маичката која ја имаше под дресот на дуелот против Лутон.

Дијас на мечот против Лутон кога постигна погодок, го крена дресот, а на маичката која ја носеше стоеше напис „Слобода за тато“, алудирајќи на ослободување на неговиот татко кој е киднапиран во Колумбија.

Според правилата на Премиер лигата, истакнувањето на какви било пораки е строго забрането, но овојпат ќе направат исклучок и нема да го казнат фудбалерот бидејќи сочувствуваат со неговата болка.

За потсетување, неодамна во Колумбија беа киднапирани мајката и таткото на фудбалерот Дијас неофицијално од т.н. Национална ослободителна војска. Подоцна неговата мајка беше ослободена, но таткото на Дијас сè уште е во рацете на киднаперите.

- Оглас -

Најнови вести