Раководството на Фудбалската асоцијација на Англија одлучи да додели награда за клубовите коишто ќе имаат најмногу вакцинирани фудбалери против ковид-19.
Ваквата одлука доаѓа откако беше откриено дека дури 13 клубови во Премиер лигата имаат помалку од 50 отсто од играчите и стручните штабови, примено вакцина против ковид-19
Премиер лигата сака да биде сигурна дека претстојната зима нема да има никакви проблеми со заразеноста и евентуална пауза во првенството, па се одлучи за стимул, кој најверојатно ќе биде финансиски, иако сумата уште не е позната.
Единствен тим во најсилната лига на островот кој потврди дека сите играчи и членови на тренерскиот тим се целосно вакцинирани е Вулверхемптон. Додека, пак, истражувањата покажуваат дека Лидс и Брентфорд имаат само 10% вакцинирани во својот тим.
Последен од играчите од премиерлигашите кој беше позитивен на тестирањата е Н’голо Канте од Челзи.