5.8 C
Skopje
сабота, 1 ноември 2025

Премиер лигата одлучи: На „Боксинг деј“ ќе се игра само еден натпревар!

Раководството на Премиер лигата и официјално одлучи на 26-ти декември, познат како „Боксинг деј“ или денот по католичкиот Божиќ, да се игра само еден натпревар. Ова е отстапување од долгогодишната традиција на овој ден да се играат речиси комплетните кола во професионалните и полупрофесионалните лиги во Англија.

Честа да играат на Боксинг деј ја имаат Манчестер јунајтед и Њукасл, кои ќе се сретнат на „Олд Трафорд“. Со оглед дека 26-ти декември се паѓа во петок, седум меча од тоа коло ќе се играат во сабота, а два во недела.

Од Премиер лигата оваа одлука ја објаснуваат со ТВ-правата, кои предвидуваат дека 33 кола ќе се играат за викенд, а останатите пет преку недела. Со оглед дека Боксинг деј е во петок, колото ќе се смета дека се игра за викенд, а потпишаниот договор предвидува пренос од само еден меч во петоците.

- Оглас -

Најнови вести