Премиер лигата отвора Куќа на славните, на 19 март добива двајца членови

Англиската фудбалска Премиер лига објави дека планира да отвори своја Куќа на славните, музеј во кој би биле славени и почестени сите најдобри фудбалери што придонеле за развој на ова натпреварување од 1992 година наваму, откако постои под ова име. Во Манчестер веќе има национален музеј посветен на англискиот фудбал.

Највисоко признание во Куќата на славните ќе биде членувањето таму, а ќе го добијат играчите од страна на лигата. Првите двајца што ќе влезат во Куќата на славните на Премиер лигата ќе бидат објавени на 19 март. Се претпоставува дека еден ќе биде Алан Ширер, кој е прв стрелец во историјата на Премиер лигата, а другиот би можел да биде Рајан Гигс, фудбалерот со најмногу асистенции во шампионатот. Во изборот на Класата 2020 ќе учествуваат и навивачите со свои гласови за некој од нивните фаворити меѓу поранешните фудбалери.

За да се биде меѓу бесмртните, потребно е човекот да ја има завршено кариерата. На сите што ќе влезат, ќе им се даваат и медали со годината во која влегле во Куќата на славните.

Ваква Куќа на славните има и кошаркарската НБА-лига, но таму влегуваат и тренери и други личности, не само играчи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести