Премиер лигата подготвува револуција, планира да го ограничи бројот на странски фудбалери

Фудбалската федерација на Англија (ФА) е загрижена поради сè помалиот број на домашните фудбалери во Премиер лигата и тргнува во борба за да го промени тој тренд, пишува весникот „Тајмс“.

Според „Тајмс“, ФА е загрижена поради сè поголемиот број на странски фудбалери во Премиер лигата и тоа го смета како неочекувана последица од излегувањето на Обединетото Кралство од Европската Унија.

Во последните два преодни рока, екипите од Премиер лигата ангажираа двојно повеќе странски фудбалери од било кои претходни преодни рокови во минатото.

Според шефот на ФА, Марк Булингам, Федерацијата би можела да го ограничи бројот на странски фудбалери во екипите од Премиер лигата така што англиските фудбалери би имале загарантирано место во првите тимови.

Според Булингам, минатиот викенд само 28 отсто од фудбалерите кои настапија во Премиер лигата беа Англичани и тоа е најмал процент во последните неколку години.

„Многу е важно да се ограничи приливот на фудбалери. По „Брегзит“ бројот на англиски фудбалери кои добиваат шанса во Премиер лигата драстично е намален и тој тренд е загрижувачки“.

- Оглас -

Најнови вести