Премиер лигата вечерва доби нова потенцијална ѕвезда

Џош Маја. Ова е името и презимето на фудбалерот за кого можеби не сте слушнале досега, но можеби Нигериецот роден во Лондон наскоро ќе стане ѕвезда во англиската Премиер лига.

Маја, кој има 22 години и 49 дена, се прослави вечерва со два гола во мрежата на Евертон и на Фулам му донесе изненадувачка гостинска победа од 2-0. Маја има 22 години и првпат беше стартер кај Фулам. Тој до јануари играше за Бордо, а во финишот на зимскиот преоден рок се пресели во Фулам.

Од 1993 година, кога играше Ефан Екоку, се немаше случено нигериски фудбалер да даде два гола на својот прв меч во Премиер лигата како стартер. Од Орлите од Нигерија, по еден гол на деби како стартери имале и Утака, Одемвинги и Ивоби, играчи кои се добро познати, затоа и Маја има шанса да ги следи нивните стапки.

Фулам имаше неверојатно црна серија од 22 порази по ред на гостувањата кај Евертон, од 1959 година, кога одиграа 0-0, секогаш губеа, но вечерва благодарение на Маја, кој е позајмен од Бордо, конечно го разбија малерот и првпат победија на „Гудисон парк“.

- Оглас -

Најнови вести