Традиционално, кога започнува Нова година, првите возбудувања во европскиот фудбал се во Англија. Така е и денеска, многу средби во пониските англиски лиги се одиграа, а во елитната Премиер лига закажан е еден меч, тој меѓу Брентфорд и Арсенал.
Статистиката за 2024 година покажува дека Премиерлигата била многу атрактивна и ефикасна, каква што не се памти речиси 60 години. Во мечевите кои се одиграа во 2024 година, во просек биле постигнати 3.21 гол по натпревар. Овој феноменален просек е најдобар за една календарска година во последните 59 години. Во 1965 година, просекот на голови по меч во англиското елитно друштво изнесувал 3.27 голови.
Ако продолжи оваа ефикасност, може да очекуваме 2025 да биде година со уште многу возбудувања, а за обложувачите убаво е да се знае дека мечевите од Премиер лигата ќе бидат често добитни ако се игра на погодоци.
3.21 – There was an average of 3.21 goals per game in the Premier League in 2024, the highest average in a top-flight year since 1965 (3.27). Glut.
— OptaJoe (@OptaJoe) December 31, 2024