Премиер лигата забранува групно славење и плукање на терените

Медицинскиот протокол се воведува како дел од проектот „рестарт“ на Премиер лигата. Претставниците на најелитната англиска лига допрва треба да го изгласаат продолжувањето на сезоната, а во меѓувреме се воведуваат нови правила кои ќе бидат на сила цели 12 месеци.

Се забранува тимско славење по постигнат гол, како и размена на дресови со противничките играчи. Судиите ќе имаат право да ги санкционираат играчите кои плукаат на терените за време на мечевите. Исто така секој играч ќе треба да користи посебно шише за вода, а не како што досега беше случајот да делат меѓу себе.

Штом екипите се вратат во тренажен процес, наведените правила ќе се практикуваат со цел играчите да се навикнат на нив. Правилата за хигиена и социјална дистанца против ширење на корона-вирусот ќе се презентираат на следниот состанок на премиерлигашите кој треба да се одржи идниот понеделник.

- Оглас -

Најнови вести