Ракометниот меч меѓу Спортинг и Татран Прешов е одложен и нема да се игра утре, како што беше предвидено, па стартот во новото натпреварување, Лигата на Европа, е со многу проблеми.
Поради неколкумина ракометари кои имаат позитивен тест на ковид-19 во таборот на Словаците, нема да се игра мечот закажан за утре од 17.45 часот во Лисабон, а истата судбина ја дели и скопски Металург, чии ракометари се во карантин и нема да играат против Висла Плок.
Лигата на Европа на ЕХФ го има премиерното издание, а по моделот на фудбалот, сега и во ракометот се играат Лига на шампиони и Лига на Европа.
И во првото коло имаше многу проблеми, па неколку екипи воопшто и не стартуваа со своите натпревари во премиерното издание на Европа Лигата на Европа на ЕХФ.