Ако по утрото, денот се познава тогаш не очекува супер возбудлива сезона во Мото ГП шампионатот. Трката во „Лосаил“, Катар му припадна на Енеа Бастијанини.
Младиот мотоциклист на Гресини Рејсинг тргна од второто а на крајот заврши на највисокото место на пиједесталот.
На позицијата под број два заврши Американецот Бред Биндер а под број три финишираше Пол Еспаргаро. Најголемиот фаворит во оваа сезона за титулата, Марк Маркез мораше да се задоволи само со петтото место.
Следната трка е за две седмици кога ќе се вози големата награда на Индонезија на патеката „Петралина Манталика“.