25.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Премиер лигата ќе продолжи од 13 јуни, симпатизерите на англискиот фудбал ќе уживаат

Премиер лига повторно ќе има за сите симпатизери на англискиот фудбал и проектиран датум за рестарт е 13 јуни. Останаа да се доиграат 92 меча, а како што стојат работите фановите на островскиот фудбал ќе имаат можност да следат мечеви на секои два до три дена.

Темпото ќе мора да биде по забрзан ритам за да се заврши сезоната до крајот на јули, иако оптимистичкиот план на премиерлигашите е дека е можно завесата да се спушти на 12. јули.

На ваквите најави најмногу ќе се радуваат симпатизерите на лидерот Ливерпул, екипа која го чека 19 шампионски трофеј и прв откако е формирана Премиер лигата.

Ливерпул треба да победи уште само на два меча од преостанатите 9 кола за да биде шампион, за првпат од сезоната 1989/90.

- Оглас -

Најнови вести