Фудбалскиот клуб Фулам го објави проектот како ќе изгледа нивната „Риверсајд“ ВИП трибина на стадионот „Крејвен котиџ“ од следната сезона и многумина останаа со подзинати усти.
Шокот е најголем поради базенот, кој ќе се најде покрај ресторанот.
Стадионот на Фулам е на брегот на реката Темза во Лондон, па оние привилегирани навивачи кои ќе имаат пристап до ВИП делот, ќе имаат можност и да се искапат во базен кој ќе биде над реката.
Ќе има и ресторани, барови, за што е можно поудобно да се помине денот на стадион кога Фулам ќе игра дома.