Премиерлигаш за три години загуби речиси 400 милиони фунти

Сопственикот на фудбалскиот клуб Евертон, Фархад Мошири им се извини на навивачите поради грешките кои ги има направено во „сезоната полна со предизвици“. Во сезоната која што заврши, Евертон едвај се спаси да не испадне од елитното друштво.

Откако Мошири во 2016 година го превзема клубот, потрошено е повеќе од 500 милиони фунти на доведување нови играчи.

„Сезоната не беше добра. Мора да бидеме подобри. Грешки се направени и поради тоа на сите сакам да им се извиниме“, напиша Мошири во писмото до навивачите.

Фановите на Евертон често го критикуваа Мошири и претседателот на клубот Бил Кенрајт поради начинот на кој го водат клубот, а тука се споменува и доведувањето на Рафаел Бенитес за тренер. Бенитес е поранешен тренер на градскиот ривал на Евертон, екипата на Ливерпул. Тој тренер си замина во јануари по серијата лоши резултати и само една победа во 16 натпревари.

Според анализата на Мошири, во последните три сезони Евертон стигнал до загуба од 372 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести