Премиерлигашите аздисаа, сега Фулам бара повеќе од 100 милиони евра за свој играч

Челниците на Фулам им порачаа на сите заинтересирани екипи за Жоао Паулиња дека без понуда тешка 105 милиони евра воопшто да не им тропаат на врата.

Според англиските медиуми, целта на челниците на премиерлигашот е оваа сума да ги одврати заинтересираните екипи.

Весникот „Дејли мејл“ пишува дека тие одлучија да го следат примерот на градскиот ривал Вест хем, кој за својот најдобар играч Деклан Рајс бара 105 милиони фунти (околу 116 милиони евра).

Втора причина поради која Фулам бара ненормално многу пари за Португалецот, според весникот, е тоа што сите премиерлигашки екипи секоја сезона добиваат најмалку 100 милиони фунти од продадените ТВ-права и сметаат дека големите екипи без проблеми би им ја исполниле желбата и ќе платат толку колку што тие бараат.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1671228079937650688?s=20

Според англиските медиуми, интерес за Паулиња пројавуваат Вест хем, Арсенал и Манчестер јунајтед.

Жоао Паулиња минатото лето пристигна во Фулам во трансфер вреден 23 милиони евра и беше стандарден член на првиот тим.

- Оглас -

Најнови вести