Клубовите од Англија засега доминираат во Лигата на шампионите во оваа сезона.
Меѓу моментно првите 13 тима на табелата, дури шест се премиерлигаши, имаат три тима во топ 7, а Арсенал е со максимален учинок и уште нема примено гол.
Победата на Ливерпул потврди дека премиерлигашите се „пеницилин“ за шпанските претставници. Ова беше седми англиско-шпански двобој, и шеста победа за клубовите од Островот над екипите од Ла Лига која е втора најсилна лига во Европа. Исклучок е само Барселона која го победи Њукасл.
Англија веќе цврсто до држи првото место на рангирањето сезонава и најавува дека повторно ќе има петти загарантиран претставник во ЛШ и следната сезона.

