32.8 C
Skopje
вторник, 2 септември 2025

Премиерлигашите го урнаа рекордот за еден преоден рок потрошија 3,48 милијарди евра

Летниот преоден рок во најсилните лиги во Европа заврши. Како финале на летното шоу на трансфери, доцна синоќа Ливерпул потврди дека го купил Александер Исак од Њукасл, и тоа за неверојатни 145 милиони евра.

Со тој трансфер на Исак, премиерлигашките клубови заедно успеаја да ја поминат магичната граница од три милијарди фунти за доведување нови играчи (вкупно 3,48 милијарди евра).

Претходниот рекорд беше 2,7 милијарди фунти (3,13 милијарди евра), што клубовите ги потрошија во сезоната 2022/23. Дваесет клуба потрошија 650 милиони фунти (754 милиони евра) повеќе ова лето од претходниот рекорд во англиското првенство.

„Ова лето ја видовме финансиската доминација на Премиер лигата во светскиот фудбал. Поттикната од профитот од продажбата на меѓународните ТВ-права, таа продолжува да работи на различно ниво од другите лиги“, изјави Ден Пламли, експерт за фудбалски финансии на Универзитетот „Шефилд Халам“.

Финансиската сила на Премиер лигата се рефлектира во фактот дека нејзиниот удел во бруто-трошоците на петте најголеми европски лиги е 51 процент, а останатите 49 проценти се делат на германската Бундеслига, шпанската Ла Лига, италијанската Серија А и француската Лига 1 заедно.

Што се однесува до клубовите, најголем трошаџија е англискиот шампион Ливерпул, чии бруто-трошоци ова лето достигнаа 483 милиони евра, според „Трансфермаркт“. Втор најголем трошаџија е Челзи со 328 милиони, а трет е Арсенал со 293 милиони.

- Оглас -

Најнови вести