6726 – ПСВ – Глазгов ренџерс (21:00)
ПСВ Ајдховен и Глазгов ренџерс одиграа возбудливо реми на првиот натпревар во Шкотска, кој заврши 2-2. Ефикасно се очекува да биде и вечерва и да бидат постигнати погодоци во двете мрежи, но и во двете полувремиња.
Предлог тип: ГГ & 1+I&1+II (2.06)
1166 – Челзи – АФЦ Вимблдон (20:45)
Челзи е голем фаворит во дуелот против четвртолигашот Вимблдон во англискиот Лига куп. Нападот на екипата од „Стемфорд бриџ“ мора да проработи, а денешниот противник е одлична можност за такво нешто и шанса да ја наполнат до врв мрежата на Вимблдон.
Предлог тип: Т1 4+ (2.65)
1164 – Шефилд јун. – Линколн сити (20:45)
Премиерлигашот Шефилд јунајтед како голем фаворит влегува во дуелот против членот на Лига 1, Линколн сити. Победата на домашните нема да биде доведена во прашање, прашање е само со колку голови ќе биде изразена, а очекувањата се дека тие ќе бидат постигнати во двете полувремиња.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.20)
1168 – Донкастер – Евертон (21:00)
Евертон игра лошо на стартот од новата сезона во Премиер лигата, па дуелот против Донкастер во Лига купот ќе биде шанса да се забележи првата победа оваа сезона, по трите порази во низа во првенството. Очекувањата се дека победата на Евертон нема да биде изразена со многу голови, со оглед на лошиот напад кој досега нема постигнато погодок во Премиер лигата.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.30)
4858 – Млада Болеслав – Усти над Лабем (18:00)
Прволигашот Млада Болеслав како огромен фаворит влегува во дуелот против нисколигашот Усти над Лабем. Прашањето на овој натпревар е со колку голови ќе победат домашните, а не дали ќе победат. Ваквите натпревари од раната фаза на чешкиот куп често знаат да завршат со висока разлика, некогаш дури и со двоцифрена.
Предлог тип: 1 & 5+ (2.13)